ФФМ: Натпреварот Македонија-Косово и дефинитивно во Скопје

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени неколку одлуки.

Полуфиналниот натпревар од плејофот меѓу Македонија и Косово во Лигата на Нации за пласман на Европското првенство 2020 година да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Како што е веќе најавено дуелот да се одигра на 26. март 2020. година. Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на одигрување на натпреварот.

Воедно У.О. на ФФМ ги усвои извештаите за работа на младинските национални тимови, почнувајќи од репрезентацијата до 15 години до македонската репрезентација до 21 година.

Исто така е донесена одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за наредното ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот