Фетаи потврди дека освен Беким Сали, бараат министер повеќе за мир во Вреди
Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина и заменик-премиер
Во Коалицијата Вреди сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог – Беким Сали, изјави вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, прашан за реконструкција на Владата. Со ова Фетаи ги потврди информациите на „Слободен печат“ дека Вреди ќе бара Министерството за животна средина да го предводи кадар од партијата Демократско движење на Изет Меџити.
Препорачано
– Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина и заменик-премиер. Оваа недела верувам дека ќе седнеме со премиерот како мандатар најдоцна до утре и ќе најдеме заедничко решение – рече Фетаи.
Веќе објавивме дека Вреди бара министерство повеќе бидејќи секоја од партиите во коалицијата Вреди раководи со по два ресори. Откако Меџити стана градоначалник, неговата партија остана без ресор во Владата на премиерот Христијан Мицкоски и дека ќе бара со ресорот животна средина да раководи кадар од ДД.
Според висок функционер во Владата од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот нема да отстапи од договорот за владина коалиција, според кој, Вреди раководи со шест ресори. Можно е Вреди да се согласи на комромис, односно со ресорот животна средина да раководи кадар од ДД, но да отстапат едно министерство. Се шпекулира дека е можно да извиси министерот за европски прашања Орхан Муртезани кој е од Алтернатива.


