Ферхан Хасани ја продолжува кариерата во Данска

фото: fchelsingor.dk

Во мај Ферхан Хасани ја прекина соработката со Шкендија за чиј клупски сајт ја изрази желбата да игра уште една сезона во некоја пониска европска лига.

Хасани (32), кој запиша 43 настапи за најдобрата македонска репрезентација, официјално ја продолжува кариерата во Данска.

Следната сезона ќе настапува за данскиот второлигаш Хелсингор со договор кој ќе трае до 30 јуни 2025 година.

Хасани веќе има искуство од Данска кога во сезоните 2013/14 и 2014/15 во тамошната Суперлига ги бранеше боите на Брондби.

Во својата клупска кариера „Буба“ настапуваше и за Партизани Тирана, ХЈК, Ал-Раед и Волфсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот