Официјално: Шкендија и Хасани ја прекинаа соработката

фото. kfshkendija.com

Ферхан Хасани, 32-годишниот фудбалер смета дека е време да се ослободи простор за новите генерации, а договорот го раскинл без никаков материјален надомест.

Официјално Шкендија и Хасани одлучија да ја прекинат соработката. Играчот го достави барањето до раководните лица за раскинување на договорот на една година пред неговиот истек (јуни 2024)

– Ферхан Хасани е еден од фудбалерите со голем придонес во историјата на Шкендија. Неговото име се поврзува со повеќето успеси на клубот и тој секогаш ќе остане икона на нашиот тим. Негова оценка е дека ова е моментот за заминување од клубот и ние го испочитувавме неговото барање – вели спортскиот директор на ФК Шкендија, Харун Иса.

Славниот „Буба“ останува еден од фудбалерите со најмногу трофеи во историјата на Шкендија, вкупно пет. Со тетовските „црвено-црни“ играше во три различни периоди (2009-2012, 2015-2018 и 2021-2023 година), двапати беше шампион на Македонија (2011 и 2018), освои две куп титули (2016 и 2018) и една во Суперкупот (2011).

– Мислам дека е време да им се даде повеќе простор на новите генерации. Чувствувам дека немам што повеќе да понудам на терен и ценам дека моето место може да го искористи некој друг. Шкендија е дел од мојот живот и на клубот му посакувам сè најдобро. Би играл уште една сезона во некоја пониска европска лига каде што обемот на работа може да се прилагоди на моите физички можности, пред конечно да ја завршам кариерата како фудбалер – се зборовите на Хасани за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот