Ферари се закани дека ќе ја напушти Формула 1!?

Ферари сака да им биде конкуренција на Мерцедес и Ред Бул во трката за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/ASANKA BRENDON RATNAYAKE

– Намалување на нашиот буџет на 145 милиони американски долари е драматично и веќе нè става во многу тешка позиција – вели шефот на „Скудерија“, Биното.

Ферари би можел да го напушти „најбрзиот циркус на светот“ доколку бидат намалени тимските буџети како мерка против кризата во спортот поради пандемијата на коронавирус.

Првите мерки беа да се скратат буџетите од 175 милиони на 145 милиони долари, но откако се откажани девет трки и нејаснотијата дали и кога ќе биде започне новата сезона, минатата недела тимовите се сретнаа со сопствениците на ФИА и Формула 1 да разговараат за ограничувањата на трошењето.

Во изминатата недела започнаа коментарите за нивоа од 100 милиони, кои според шефот на „Скудерија”, Матија Биното, се целосно неизводливи за функционирање на врвните тимови во Формула 1, пренесува „Гардијан“.

– Намалување на нашиот буџет на 145 милиони американски долари е драматично и веќе нè става во многу тешка позиција. Почнавме да работиме на ставање на тимот во слична рамка, но нема да биде лесно. Се зборува за уште едно намалување на ниво на околу 100 милиони, што во реалноста е невозможно за функционирањето на врвните тимови. Доколку се донесат вакви одлуки, треба да размислиме дали да останеме во Формула 1. Стандардите за кои работиме не овозможуваат такво затегнување на буџетот и не соодветствуваат со ДНК на Ферари – рече Биното.

Овој тим нема да престане да се натпреварува затоа што има многу други првенства во кои може да се продолжи нивната историја.

– Добро сме свесни за кризата низ која минува светот во овој момент со ужасната пандемија. Уште повеќе гледаме што се случува во нашата земја, Италија. Сепак, сега не е време да се дејствува набрзина и сите одлуки мора да бидат разгледани многу внимателно и да се разгледаат од сите тимови – додаде Италијанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот