ФЕНОМЕНАЛНА АТМОСФЕРА со Бреговиќ, Исламовиќ и Тифа: Овде сме како дома (ФОТО+ВИДЕО)

Горан Бреговиќ по концертот во Виена со целиот оркестар и хор пристигна во Скопје, каде му се придружија пејачите Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа.

Тие одржаа концерт на градскиот плоштад пред околу 20.000 луѓе. Концертот беше феноменален, а и публиката, времето убаво, а техничката продукција беше на највисоко ниво.

Бреговиќ пред концертот се сретна со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој му посака добредојде и помина некое време во муабет со Бреговиќ.

Концертот помина во добро расположение и со распеана публика. „Овде сме како дома“, рече тој кратко и ги поздрави присутните.

 

Исламовиќ го водеше концертот малку повеќе од еден час и испеа многу хитови од почетокот на „Бјело дугме“. Песните на Тифа пак додатно ја кренаа публиката на нозе и ја подготвија за спектакуларниот огномет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот