Феникс 2010 загуби и од Рошток и се збогуваше со Европа

фото: kfsm.mk

По поразот од 47 поени разлика против кипарскиот Керавнос, на квалификацискиот турнир од ФИБА Еврокупот во Никозија, кошаркарите на Феникс 2010 повторно беа совладани овојпат од германскиот Рошток со 72:101.

Македонскиот кошаркарски клуб Феникс 2010 го заврши својот настап во „Е“ квалификациската група од ФИБА Еврокупот со два високи порази. Нивниот втор неуспешен обид на турнирот во Никозија, означи и елиминација од евро-натпреварувањата на дебитантот во ФИБА Еврокупот.

На дуелот со Рошток, на истекот на првата четвртина Феникс 2010 заостануваше шест поени (16:22), но проблемите во играта, особено во одбраната, се појавија кога поради три лични грешки на клупата мораше да седна најискусниот во нивните редови, Бојан Трајковски.

Германскиот тим го искористи тој момент на „недостаток на сантиметри“ во рекетот на Феникс 2010, и до полувремето обезбеди висока предност (31:47). Со така скратена ротација, беше уште потешко за нашиот претставник во второто полувреме.

За Феникс 2010 најефикасен беше Рис со 19 поени, Хајнс-Цонс имаше 15, Даниел 12, а Зетов 10. Денеска од 18.00 часот Германците ќе го играат натпреварот за првото место во групата против Керавнос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот