Фенербахче замената за Обрадовиќ ја најде во Србија, Кокошков нов тренер

Неиспехот во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио му пресуди/ twitter/Košarkaški savez SRB

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија се договори со челниците на турскиот клуб и во наредните три години ќе биде тренер на Фенербахче.

Кокошков минатата сезона беше главен тренер на НБА тимот Феникс санс, а сезонава е помошен тренер во Сакраменто кингс, а во меѓувреме го наследи Александар Ѓорѓевиќ на клупата на репрезентацијата на Србија.

Игор Кокошков беше резервно решение за челниците на Фенербахче, но откако главната мета Шарунас Јасикевилиус утрово се согласи да го презеде кормилото на Барселона, од турскиот тим реагираа експресно и се договорија со српскиот стручњак.


Најголемиот успех во тренерската кариера на Кокошков е триумфот со Словенија на Европското првенство 2017 година.
Тој на клупата ќе го наследи Жељко Обрадовиќ кој по седум години одлучи да се повлече и да си земе едногодишен одмор од кошарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот