Фелипе ја прекина соработката со Шкендија

facebook.com/fcshkendija

Иако ова лето се најавуваше како најголемото засилување за евро настапите и тоа доаѓајќи од најголемиот ривал Вардар, само после четири месеци Бразилецот ја прекина соработката со ФК Шкендија.

Раководството на клубот и играчот на заедничката средба дошле до заклучок дека во овој момент разделбата е во интерес на обете страни, така што е пронајден договор за предвремено раскинување на договорот.

ФК Шкендија му се заблагодарува на Хуан Фелипе за неговиот придонес во тетовскиот дрес.

Оваа сезона во нашиот најсилен шампионат на 10 одиграни натпревари Фелипе имаше само еден погодок во домашниот убедлив триумф над Силекс (3:0).

Во својата кариера беше дел уште од екипите на Вардар (со кој играше во групна фаза на Лига Европа), Каират, ЦСКА Софија, Сап Карлос Ориенте Петролеро, РБ Бразил и Санто Андре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот