Фејсбук заработи казна од пет милијарди долари

Федералната трговска комисија (ФТЦ) на САД и Фејсбук усогласија казна за социјалната мрежа во висина од пет милијарди долари поради незаконско споделување лични податоци на 87 милиони корисници со британската фирма „Кембриџ Аналитика”, објавија некои американски медиуми.

Во договорот за исплата на највисоката парична казна за некоја технолошка компанија досега, се наведуваат и други ограничувачки мерки во работата на социјалната мрежа.

Паричната казна наложена од ФТЦ берзите ја примија како добар знак за Фејсбук – откако се прошири информација за тоа акциите на компанијата се зголемија за два отсто.

Од Фејсбук претходно посочија дека биле измамени од „Кембриџ Аналитика” која ги користела податоците на корисниците за политички проекти. Неодамна, Конгресот на САД соошти дека компанијата споделувала кориснички податоци со 52 компании.

Основачот на социјалната мрежа, Марк Закерберг, призна дека биле направени сериозни грешки во заштита на личните податоци и приватноста на корисниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот