12 C
Скопје

Федерер само на еден начин може да ги победи Ѓоковиќ и Надал

Поранешната британска тенисерка, Анабел Крофт, која сега работи како стручен аналитичар, смета дека Рожер Федерер само на еден начин може да ги совлада најголемите конкуренти во битката за трофеи, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Швајцарецот сè уште се опоравува по двојната операција на коленото и засега не се знае кога ќе се врати на тениските терени, но кога ќе го стори тоа, мора да го промени стилот на игра.

– Ќе мора да игра далеку поагресивно и да ги скратува поените. По операцијата и долгата пауза ќе му биде потребно време додека да ја врати формата и затоа мислам дека ќе видиме поинаков стил на игра. Имаше време да направи план, Рожер е паметен и нема да ме изненади доколку се фокусира на тренинзите со кои ќе ја подобри играта на брзи поени и брзо решавање на проблемите – вели Крофт.

Прочитајте и...  Нов милионер во Sport Life – Мајсторија во Тетово со пет пара на тикет

Според поранешната тенисерка, што повеќе ги скратува поените и игра поагресивно, Федерер повеќе ќе штеди енергија која му е потребна за дуелите со Ѓоковиќ и Надал.
– Федерер е агресивен тенисер кој гледа да го заврши дуелот што побрзо. но сега ќе мора да гледа да биде уште поагресивен и веднаш да напаѓа од ритерн. Исто така мислам дека повеќе ќе го гледаме како излегува на мрежа. Доколку мисла да оди на најголемите трофеи, ќе мора „долгите војни“ да ги сведе на минимум – смета Крофт која вели дека единствена шанса за освојување на грен слем трофеј за Федерер е Вимблдон.

Поврзани вести

Германија не им попушта на фудбалерите, Ливерпул и Лајпциг ќе играат во Будимпешта

Слободен печат

Нов милионер во Sport Life – Мајсторија во Тетово со пет пара на тикет

СП.

„Ел Команданте“ уште две години на клупата на ПСЖ

Слободен печат

Барсагејт: Бартомеу пуштен од притвор

Слободен печат

Вајда ќе биде покрај Ѓоковиќ на Роан Гарос

Слободен печат

Мерцедес го претстави шампионскиот болид за новата сезона

Слободен печат

Остави Коментар