ФДА: Не користете ветеринарски лекови против Ковид, не сте коњи

ФДА ги предупреди американците да не користат ветеринарски лекови како превенција на Ковид-19/ Фото Twitter FDA

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) неодамна испрати сериозна порака до луѓето да престанат да користат ветеринарски лекови за лекување или спречување на Ковид-19 откако беа приметени нeколку случаи каде пациенти биле хоспитализирани откако користеле ивермектин, лек наменет за коњите, пренесува Ен-Би-Си.

„Не сте коњи, не сте крави. Серизоно, престанете“ напишаа од ФДА на нивниот Твитер профил.

За што инаку користи ивермектин?

Ивермектин, кој не е противвирусен лек, генерално се користи за лекување или спречување на паразитски заболувања кај животните.

„Овие лекови за животни најчесто се високо концентрирани бидејќи се користат за поголемите животни како коњите и крвите, кои многу повеќе тежат од човекот. Големите дози од лекот може да бидат отровни за луѓето“ велат од ФДА.

ФДА нагласи дека никогаш не одобрила ниеден облик на ивермектин за употреба или лечење од Ковид-19 кај луѓето, но во американските болници беа хоспитализирани неколку луѓе кои го користеле лекот наменет за животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот