ФБИ и Полска започнаа истрага за слетувањето на авионот во Белорусија

Федерално истражно биро (ФБИ) Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) и Полска започнаа свои истраги за присилното слетување на авионот „Рајанер“ во Белорусија, соопшти литванскиот полициски оддел за криминални случаи.

ВИДЕО | Андоновиќ: Нови обвиненија против новинарот, војна околу цивилните рути над небото на Белорусија

– Покрај Полска, која ја започна својата предистражна истрага, ние ги потврдивме информациите од колегите од САД дека ФБИ започна и своја истрага – рече на прес-конференцијата шефот на полицискиот оддел, Роландас Кискис.

Борбен авион на белоруското воено воздухопловство беше испратен во неделата на 23 мај да пресретне патнички авион на компанијата „Рајанер“ и да го придружува до Минск.

„Протон технолоџи АГ”: Заканата со бомба била испратена откако белоруските власти го присилиле авионот на Рајанер да слета

По слетувањето, новинарот и дисидент Роман Проташевич беше уапсен, а авионот подоцна го продолжи летот кон Вилнус.

Белоруските власти тврдат дека од Швајцарија до авионот била испратена закана за поставена бомба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот