Фаучи: Се движиме во погрешна насока, Ковид-19 ги напаѓа невакцинираните

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Се движиме во погрешна насока, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи и изрази загриженост бидејќи САД непотребно се најдоа во ситуација кога бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 се зголемува поради невакцинираните Американци и ширење на многу заразниот Делта сој.

Фаучи потврди дека владините службеници „активно ја разгледуваат” препораката вакцинираните лица да носат заштитни маски и лицата со намален имунитет да бидат повторно вакцинирани.

Главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден потврди за Си-Ен-Ен дека учествувал во разговори за промена на упатствата за заштитни маски и нагласи дека некои локални самоуправи во кои се зголемува стапката на инфекција, како што е Лос Анџелес, веќе апелираат до граѓаните да носат маски во затворени јавни простори, без оглед дали се вакцинирани.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, повеќе од 163 милиони Американци, или 49 проценти од вкупната популација на САД, се целосно вакцинирани.

– Оваа ситуација (со зголемување на бројот на новозаразени) главно се одразува на невакцинираните, па затоа бараме тие да дојдат и да се вакцинираат, рече Фаучи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот