Фасцинантна трансформација на Борче Јовев од Штип: Ми се вклучи „чипот“ во глава, неподнослива беше тежината!

Можно ли е за помалку од една година да се ослободите од дури 43 килограми, односно да се преполовите? Борче од Штип, карпа човек, спортист во младоста, тврди дека може.

55-годишниот Борче Јовев од Штип, вработен во јавното претпријатие „Стипион“, е пример дека доколку решите да ослабнете, со силна волја и правилно избрана исхрана, ништо не може да ве спречи во намерата, а резултатите секако, пристигнуваат.

Во случајот на Борче, резултатите не само што пристигнале за кратко време, туку неговата трансформација е неверојатна.

Со липосукциска исхрана започнал на самиот крај на месецот, а веќе пред средината на следниот месец бил полесен за цели 11 килограми. Брзото губење на телесна тежина го мотивирало да продолжи понатаму.

Бев сам дома, моето семејство беше на пат, а јас ја видов рекламата за липосукциска исхрана на телевизија, и одеднаш ми се вклучи „чипот“ во главата. Одлучив да ја пробам оваа исхрана. Веднаш се обратив во „Интернешнл хелт“ во Скопје, кај докторката Валентина Крстеска, и таа за почеток ме упати во 14-дневниот протокол на липосукциската диета“, објаснува Јовев.

Тоа вклучување на „чипот“ во главата, всушност, следувало по долгогодишни разговори со сопругата, двете ќерки и синот, кои му се жалеле дека неподносливо рчи, но и дека е корисно за неговото здравје да ги промени лошите навики во исхраната. Во тоа време Борче го мачеле болките во коленото, а имал и висок крвен притисок.

Како млад бев многу витален, се занимавав со спорт, бев во фит форма. Килограмите не пристигнаа одеднаш, туку со текот на годините. Јадев многу благо, па со почетокот на липосукциската исхрана, токму благото најмногу ми недостасуваше. Знаете, да не се лажеме, не е лесно одеднаш да ги смените нездравите навики во здрави“, вели Борче.

Дисциплинирано се држел до протоколот за слабеење и со првиот третман од 14 дена ослабнал 11 килограми. Потоа, следувале уште два месеца во кои го практикувал липосукцискиот протокол, губејќи секоја недела по 2 килограма, а од септември, се држел до протоколот од 21 ден кој вклучува два оброка дневно. И така, Борче ослабнал цели 43 килограми за помалку од една година!
Трансфомрацијата на телото не била единствената која е видлива, туку и здравјето му се подобрило, виталноста му се вратила, а и сосема престанал да рчи.

До ден денес го практикувам липосукцискиот режим на исхрана. Имам желба уште малку да ослабнам, па штом помине коронакризата ќе почнам да посетувам теретана“, додава Борче.

„Липо диет“ центарот дава бесплатни консултации, под водство на д-р Валентина Крстеска. Тел. 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот