Фармерки на Леви Штраус извлечени од бродолом се продадени на аукција за 114.000 долари

Фото: Принтскрин/ Твитер/ The New York Times

Фармерки со пет копчиња, за кои се верува дека се направени од Леви Штраус или некој од неговите работници за време на „златната треска“ во Калифорнија, се продадени на аукција во американската сојузна држава Невада за 114.000 долари, пишува „Њујорк тајмс“.

Фармерките како и повеќе од 300 вредни артефакти кои биле понудени на аукцијата, се пронајдени во остатоците на познатиот параброд „Централна Америка“, кој потонал во 1857 година.

Паробродот познат и како „златен брод“ потонал во 1857 година под налетот на ураганскиот ветер недалеку од брегот на Јужна Каролина. Во моментот на несреќата на паробродот имало повеќе од 600 патници и членови на екипажот, а во бродската несреќа загинале 425 лица. Во длабочините на океанот е пронајдено и вистинско богатство – илјадници фунти калифорниско злато и други вредни предмети стекнати во периодот на „златната треска“ во Америка.

Потонатиот брод „Централна Америка“ бил пронајден во 1988 година, а откриеното богатство претходно лежело на дното на океанот повеќе од 150 години.

Во златниот кофчег имало 3.100 златни монети, 45 златни прачки и 36 килограми златен прав, како и бројни вредни предмети. По ова откритие, пронајденото злато со децении било чистено од ‘рѓа и нечистотија во специјални лаборатории, а потоа дел од него било продадено на аукција одржана во 2018 година.

Паробродот „Централна Америка“ е изграден во средината на 19 век и за првпат е лансиран во 1852 година. Бил долг 85 метри, а првично бил именуван „С.С. Џорџ Лоу“. Иако низ децениите биле организирани бројни експедиции во потрага по потонатиот брод, тој бил пронајден дури во септември 1988 година, благодарение на истражувачката група предводена од ловецот на богатство Томи Грегори Томпсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот