Fanta е дома: Одличен вкус на портокал веќе 35 години

Има еден посебен момент дома. Го отвораш фрижидерот, го здогледуваш тоа познато портокалово шише Fanta и веднаш си помислуваш на газираноста и на тој единствен и неодолив вкус на портокал. На масата има грицки, пица, натпреварот само што не започнал – забавата веќе e дома.

Тоа е тој едноставен, но веднаш препознатлив момент во новата кампања „Fanta е дома“. Со кампањата се одбележуваат малите, секојдневни моменти во кои Fanta е неизоставен дел од дружбите со саканите, додека грицкате нешто или играте игри или, пак, за време на оние спонтани домашни собиранки. Тоа се тие мигови каде што со Fanta сѐ е повесело и се крева расположението.

Со кампањата воедно се одбележува и еден значаен момент: 35 години присуство на Fanta кај нас. Овој спомен оживува во ТВ-рекламата во која една семејна приказна се раскажува низ три генерации. Fanta е омилениот пијалак од детството и посебно чувство кое се пренесува на идните поколенија, вкус кој веќе 35 години создава едноставна, но моќна нишка со која се поврзуваат моментите на радост од минатото и сегашноста.

Има и еден суптилен детаљ што буди носталгија – старо класично шише Fanta од музејската збирка на Пивара Скопје, кое дискретно се појавува на екранот како потсетник за тоа колку долго Fanta е дел од секојдневниот живот тука.

А вие, дали имате Fanta дома?


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот