Фанови на Мусолини во новата италијанска влада

Џорџа Мелони/ Фото EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Италијанската премиерка Џорџа Мелони назначи неколкумина осведочени почитувачи на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, вклучувајќи помладиот министер кој беше фотографиран во лента со свастика за членови на нејзиниот нов владин тим, објави „Политико“.

Потегот на Мелони предизвика бран на гнев кај антифашистичките активисти, што според аналитичарите може да ги поткопа обидите на Мелони да изгради бренд на сигурен и умерен лидер на светската сцена.

Контроверзноста доаѓа во чувствителен момент за новата италијанска премиерка, додека таа се подготвува за својата прва посета со лидерите на ЕУ во Брисел оваа недела.

Мелони ги именуваше своите нови министри во понеделник, а тие ќе положат заклетва во среда. Говорејќи на прес-конференција, таа истакна дека тие биле избрани „по заслуга“. Но, неколку од назначувањата, предизвикаа протести од опозициските политичари и антифашистичката организација АНПИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот