„Фалангата“ буквално го испи целото пиво во Букурешт

epa09267689 Fans of North Macedonia cheer prior to the UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match between Austria and North Macedonia in Bucharest, Romania, 13 June 2021. EPA-EFE/Vadim Ghirda / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Македонските навивачи, популарната „фаланга“ беше вистински хит во Букурешт на Евро 2020. Неколку илјади македонски навивачи го окупиураа главниот град на Романија каде избраниците на селекторот Ангеловски ги одиграа првите два натпревари на ЕП, против Австрија (3:1) и против Украина (2:1), а поради нивното заминување најтажни ќе бидат угостителите во Букурешт.
Причината за тоа е што бројната македонска „фаланга“ освен што направи фантастична атмосфера во Букурешт, исто така го испи целото пиво за време на петдневниот престој. Околу 4.000 македонски навивачи испиле дури три цистерни пиво или околу 75.000 литри. Според романските медиумите, навивачите потрошиле околу 450.000 евра само за пиво.

Освен што беа задолжени за добра забава и го испија целото пиво во Букурешт, тие не направија ниту еден инцидент и згора на тоа заедно се дружеа со австриските и украинските навивачи.

Видео на денот