Ф1 екипите ги одбија гумите на Пирели за следната сезона

twitter/SA Breaking News

Производителот на пневматици Пирели, порача дека новиот дизајн е чекор напред во намерата да се направат гуми кои би им овозможиле на возачите да не ги штедат како што беше случај оваа сезона. Сепак, по направените тестови на патеката во Абу Даби, Ф1 екипите изјавија дека повеќе им одговараат гумите од оваа сезона.

„Лекциите кои се научени ќе бидат многу важни за понатамошен развој на пневматиците во иднина“, стои во соопштението на ФИА.

Возачите бараа гумите да бидат поиздржливи во иднина. Пирели од 2011 година е овластен снабдувач со пневматици на сите Ф1 екипи, а главните замерки се дека тие пребрзо се загреваат кога возачите се поагресивни во возењето.

Тоа значи дека понекогаш возачите не можат да притиснат и да ги следат останатите болиди, и поради тоа на трките најдобро поминуваат возачите кои имаат најдобра тактика при менување на гумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот