Ф-1: Астон Мартин го кандисува пензионираниот Фетел да вози во Бахреин?

EPA-EFE/TORU HANAI / POOL

Ленс Строл е повреден и тимот на Астон Мартин можеби ќе мора во минута до 12 да бара замена за својот втор возач, што се однесува до стартот на сезоната. Најинтересните гласини се поврзани со наодамна пензионираниот четирикратен првак

Повредата на возачот на Астон Мартин, Ленс Строл, го доведе овој Ф-1 тим во тешка ситуација, со наближување на стартот на сезоната. Прв возач на овој тим во новата сезона е Фернандо Алонсо, но кој ќе го придружува на првата трка во Бахреин?

Алонсо ги изведува сам тестовите пред сезоната откако на првиот ден на тестирањата резервниот возач Фелипе Другович имаше проблеми.

Но, тимот мора да одлучи кој ќе го вози вториот болид на отворањето на новата сезона во Формула 1 во Бахреин (5 март). Претпоставка е дека Строл нема да биде подготвен за таа трка, што покрена различни шпекулации кој може да го замени.

Најинтересните гласини се поврзани со наводното настојување на Астон Мартин да го врати на патеката четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел. Германецот (35) минатата година ја заврши кариерата како возач на Астон Мартин.

Од Астон Мартин ја демантираат ваквата можност, но каде што има чад има и оган. Сепак, дали Фетел е подготвен да направи итно еднократно враќање на патеката? Можеби сепак Бразилецот Другович ќе го придружува Алонсо во Бахреин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот