Фото: vfmkd.org.mk

Европско деби за одбојкарките на Наковски Волеј во Челинџ купот

Македонскиот женски одбојкарски клуб , претставник сезонава во европските клупски купови, тимот на Наковски Волеј денеска од 18.00 часот, на гостински терен, ќе се соочи со чешка Острава во квалификациската рунда од Челинџ купот.

Откако ланската сезона струмичкиот тим го освои Купот на ОФМ и стигна до првата титула во клупската историја, сега оди чекор понапред, односно ќе се проба на меѓународната сцена.

Тимот на Александар Митев е млад, но амбициозен и ќе се обиде да приреди изненадување:

– Прв натпревар за нашиот клуб, а и за најголем дел од девојките во екипата, во европски клупски купови. Мојот тим има скромно меѓународно искуство преку настапите на младинските селекции на Балканијадите и во сениорската репрезентација на Македонија. За противник имаме екипа која доаѓа од држава во која одбојката е многу понапредна отколку кај нас. Ќе се обидеме да се покажеме во најдобро светло, да ја играме нашата најдобра игра и да уживаме. Секако, ќе се обидеме и да ја искористиме секоја шанса која ќе ни се пружи за да го изненадиме ривалот“ – потенцира тренерот на Наковски Волеј, Митев.

Дуелот меѓу Острава и Наковски Волеј ќе се игра во салата „Варенска“ во Острава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот