Европските банки го блокираа PayPal поради сомнение за измама
Европските банки привремено ги запреа плаќањата преку платформата PayPal, блокирајќи повеќе од 10 милијарди евра, откако системот за проверка на измами на платформата откажа. Проблемот се појави откако банките пријавија милиони сомнителни директни плаќања. Според извештајот во германскиот весник „Зидојче Цајтунг“, системот за откривање измами на PayPal бил во голема мера нефункционален, дозволувајќи директни дебити без вообичаена верификација.
Препорачано
Компанијата PayPal потврди дека имало привремен прекин на услугата, што влијаело на „одредени трансакции на банкарски партнери“, но изјави дека проблемот е решен во меѓувреме- пренесе Каматица.рс.
Германското здружение за штедење, кое претставува повеќе од 300 локални банки, соопшти дека прекинот „значително влијаел на трансакциите за плаќање“ низ цела Европа, особено во Германија. Финансискиот регулатор на земјата, BaFin, исто така потврди дека е известен за грешката.
Безбедносниот систем, кој треба да спречи лажни директни плаќања, овој пат не успеа да ги запре измамниците. Најчестата форма на овој вид измама е кога напаѓачите се претставуваат како банки или финансиски институции, а потоа лажно добиваат пристап до личните банкарски информации на корисникот.


