Европскиот суд за човекови права ја осуди Романија за бавното враќање на национализиран имот

Романија знаме/Фото: Профимедиа

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди против Романија во врска со враќањето на имотот национализиран од поранешниот комунистички режим, оценувајќи дека тоа не се спроведува доволно ефикасно.

Иако државата во 2013 година донесе нов закон за да овозможи враќање или исплата на отштета за национализиран имот, „механизмот за враќање и понатаму не е доволно оперативен и хомоген”, смета судот.

Во 2017 година до судот се обратија 53 државјани на Романија, кои добија конечна судска одлука за враќање одземен имот или надоместок за истиот.

Но и покрај тоа, тие не добиле враќање на сопственоста или доволен надомест.

„Судот го смета за клучно тоа Романија да продолжи да настојува да ги усогласува нејзините законодавство и пракса со заклучоците што ги донесе Судот во оваа пресуда и со неговите соодветни закони”, се наведува во пресудата.

Судот пресуди Романија да им исплати отштета на тужителите до 10.000 евра за морална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот