Европскиот шампион ќе дише полесно, РК Вардар доби „најдебел“ ваучер од АМС

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Агенцијата за млади и спорт ги распредели 10. милиони евра со кои државата ќе ги помага спортските федерации и клубови преку Законот за ослободување од данокот на добивка.

Европскиот ракометен шампион, РК Вардар како и Ракометната федерација на Македонија добија најголеми ваучери во распределбата на средства за можност за спонзорирање преку даночни олеснувања што ја прави Агенцијата за млади и спорт за 2020 година.

Вардарци добија ваучер со вредност од 21.800.000 денари, или околу 350.000 евра, додека вториот учесник во ракометната Лига на шампионите, Еурофарм Пелистер доби 17.900.000 денари (290.000 евра). Следен е РК Металург со 13.900.000 денари (225.000 евра).

РФМ доби ваучер од 22.835.000 денари или 370.000 евра, додека ниту еден денар не доби Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Фудбалскиот шампион, Шкендија доби 11.5 милиони денари, додека фудбалскиот тим од „црвено-црното“ семејство ќе инкасира 10.5 милиони денари.

Кај кошаркарите, шампионот МЗТ Скопје Аеродром доби ваучер од 15.800.000 денари.
Одбојкарската федерација која годинава ја очекува настап во Европската лига и во квалификациите, доби ваучер од 18.688.000 денари, додека „кошаркарите“ ќе инкасираат 16.615.000 денари.

За прв пат ваучер ќе добие и Олимписките комитет на Северна Македонија и тоа 9.000.000 денари или околу 150.000 евра. Од индивидуалните спортисти, очекувано најголем ваучер има олимпиецот Магомедгаџи Нуров со 700.000 денари. Втор спорер висината на вредноста на ваучерот е Владимир Егоров, додека автомобилистот Игор Стефановски-Иџе доби 400.000 денари.

Сите добитници на ваучери можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот