Европски шампион прави трансфер во редовите на Јувентус

Мануел Локатели досега ги бранеше боите на Сасуоло/Фото: EPA-EFE/Alessandra Tarantino

Мануел Локатели кој досега ги бранеше боите на Сасуоло, од новата натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на „Старата дама“.

Ова го тврди Фабрицио Романо, новинарот за трансфери на својот Твитер профил. Се очекува Јувентус за 23-годишниот играч од средниот ред да плати 35 милиони евра.

Истиот извор вели дека Локатели ќе го носи дресот на торинскиот клуб до јуни 2026 година. Јувентус официјално треба да го потврди трансферот во следните денови.

Локатели играше со репрезентацијата на Италија на Европското првенство каде што успеа да ја освои титулата.

Пред да се пресели во Сасуоло, играше и за Милан од 2016 до 2019 година со 48 настапи и два голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот