Европска лига: Вардар во „невозможна“ мисија на реваншот против Рајн Некар Левен

фото: facebook.com/rkvardar

Денеска во Хајделберг од 16.00 часот ќе се игра вториот натпревар од квалификациите за ЕХФ Европската лига помеѓу Рајн Некар Левен и РК Вардар 1961.

Скопските „црвено-црни“ се пред елиминација, германскиот гигант со една нога е во групите на Европската лига откако славеше убедливо на првиот меч во Скопје со резултат 25:34.

Македонскиот претставник предводен од тренерот Владо Недановски има тешка задача пред себе во обидот да ја анулира високата негатива против еден од најдобрите европски ракометни клубови.

Победникот од овој двомеч ќе игра во групата „А“ заедно со Нант (Франција), Кристијанштад (Шведска) и Бенфика (Португалија).

Составот на РК Вардар 1961 за денешниот натпревар против Рајн Некар Левен: Јагуриновски, Георгиевски, Карапалевски, Томовски, Јасухира, Лазаревски, Срдановиќ, Николиќ, Петриќ, Ѓукиќ, Стојановски, Алонсо Гарсија, Нилтон Мело, Мишевски, Гогов.

ЕХФ Европска лига
Квалификации

Иштад (Шведска) – Хановер Бургдорф 28:33/21:30
Тримо Требње (Словенија) – Брага (Португалија) 31:29/26:29
ЧСМ Констанца (Романија) – Гранољерс (Шпанија) 27:29/25:22

Вардар 1961 (Македонија) – Рајн Некар (Германија) 25:34/(денеска 16.00 часот)
Агуаш С.М. (Португалија) – Винтертур (Швајцарија) 24:22/(денеска 17.00 часот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот