Евролигашко потсетување: Кој беше Лестер Бо Мекејлеб? (ВИДЕО)

фото: mkf.mk

Човекот кој доби свое посебно „име и презиме“ во историската „читанка“ на мак-баскетот…

За време на паузата помеѓу двете сезони, медиа-тимот на Евролига и Еврокупот излезе со серија на текстови посветени на играчите кои оставиле посебен печат во овие две натпреварувања.

А еден од последните едиторијали беше посветен на најдобриот македонски Американец, Американецот со македонски пасош, кошаркарот кој влезе во историјата на македонската репрезентативна кошарка.

Човекот кој доби свое посебно „име и презиме“ во историската „читанка“ на мак-баскетот – Лестер Бо Мекејлеб…

Лестер Мекејлеб важеше за доста динамичен колеџ кошаркар во родниот град и Универзитетот во Њу Орлеанс, Бо Мекејлеб уште од самиот почеток ја прифати европската кошарка. Тој блескаше како дебитант во Турција со тимот на Мерсин пред да го добие повикот од Партизан од Белград, со кој го направи своето деби во Евролигата во сезоната 2009-10.

Сезона во која го доведе Партизан до „Фајнал-форот“ и сезона во којa успеа да заработи место во Ол-стар тимот на Евролигата.

Монтепаски од Сиена го потпиша Мекејлеб во следните две сезони и го искористи неговиот одличен „брз чекор“ со кој му помогна на италијанскиот тим да стигне до четвртфиналето на Евролигата во 2011 година.

Една година подоцна, екипата од Сиена беше елиминирана во плеј-офот,а Мекејлеб имаше неверојатна сезона. Тој го освои трофејот на „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец. Имаше просек од 16.9 поени по натпревар и вторпат беше прогласен во вториот Ол-стар тим на Евролига.

Станува една од најсјајните звезди на кошарката во Македонија, откако својата репрезентација ја донесе до полуфиналето на Евробаскетот 2011 година, односно до највисокото место во историјата. Сето тоа заокружено просек од 23.5 поени и 3.2 асистенции на шест натпревари.

Неговиот соиграч, трикратен шампион во Евролигата, сегашниот претседател на нашата кошаркарска федерација, Перо Антиќ, го нарече „Бошко Мекејлебовски“, секако за да го натера да звучи како „локалец“, како „наш“, македонски кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот