Евролига: Фенербахче го доби турскиот дуел, Партизан немоќен против Париз
Кошаркарите на Фенербахче во турската пресметка го совлада Анадолу Ефес со 79:68 во шестото коло од Евролигата.
Препорачано
Девон Хол го предводеше победничкиот тим со 12 поени, додека Скоти Вилбекин додаде исто толку. На спротивната страна се истакна Вајлер Баб кој постигна 17 поени, додека Шејн Ларкин додаде 13.
Тимот на Шарунас Јасикевичиус сега има скор од 3-3, додека тимот на Игор Кокошков сега има две победи и четири порази.
Партизан на домашен терен во Белград претрпе пораз против расположените играчи на Париз кој го добија дуелот со 101:83.
За француската екипа прв стрелец беше Хифи реализираше 21 поен (шест скока, четири асистенции), а за српскиот тим Браун постигна 22 поени.
Партизан е на 14 место по третиот пораз сезонава (3-3), додека Париз кој го запиша четвртиот триумф е на третата позиција со учинок 4-2.
Евролига
Петок, 6 коло, резултати –
Анадолу Ефес – Фенербахче 69:79
Виртус Болоња – ПАнатинаикос 92:75
Партизан – Париз 83:101
Баерн – Олимпијакос 71:96
Табела: Хапоел Тел-Авив 5-1, Олимпијакос 4-2, Париз 4-2, Жалгирис Каунас 4-2, Црвена звезда 4-2, Виртус Болоња 4-2…


