Ненад Димитријевиќ („Олимпија Милано“)/фото: EPA-EFE/L. Rico

Евролига: Димитријевиќ и Олимпија запишаа победа над Жалгирис Каунас

Во 26 коло од Евролигата кошаркарите на Олимпија Милано на гости со 89:87 триумфираа над Жалгирис Каунас.

Во триумфот на италијанската екипа македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за скоро 15 минути на паркето запиша четири поени, три скокови и пет асистенции.

Кај неговите соиграчи се истакна ЛиДеј со 26 поени (пет скокови), следен од Манион со 21 поен, седум скокови и шест асистенции.

На спротивната страна за литванскиот тим најефикасен беше Франциско со 29 поени и четири асистенции.

На табелата Олимпија Милано е на деветтата позиција (14-12) и останува во игра за плеј-ин натпреварувањето.

Во следното коло Димитријевиќ и неговите тимски колеги на 27 февруари ќе го пречекаат Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот