Евро 2020, Захариевски: Не треба да има замерки за фудбалерите, тие се борат, го даваат максимумот и треба да бидеме горди на нив
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби во првите два натпревари на Европското првенство и до крајот на дебитантскиот настап на континенталниот собир ги очекува дуелот со Холандија.Во првото коло од геупата Ц, Македонија загуби од Австрија со 3:1, додека вчера фудбалерите се порезени од Украина со 2:1.
Поранешниот македонски репрезентативец Срѓан Захариевски кој сега е тренер на Струга Трим Лум вели дека фудбалерите одиграле во рамки на можностите и дека треба да уживаат.
– Мора да бидеме реални во очекувањата, мислам дека одигравме во рамки на нашите можности. Исто така мислам дека на ЕП отидовме со преголеми очекувања иако сме дебитанти на ова натпреварување. Сметам дека едно се наптреварите во Лигата на нациите и пријателските натпревари, а друго се настапите на Евро 2020 каде репрезентациите максимално се подготвуваат, се анализираат сите детали на противниците. Против Украина одигравме прво полувреме кое беше под нашите можности. Во второто полувреме играта беше многу поинаква, подобра, но едно е кога се игра при резултат 0:0 или кога се губи со 2:0 и кога нема што да се загуби. Играчите ризикуваа, постигнаа еден гол но останавме покуси за уште еден. Како и да е, одигравме два натпревари во нашите можности, никој нема ниту треба да има замерки на репрезентативците. Тие го даваат максимумот, се борат и треба да бидеме горди на сите нив – вели Захариевски за „Слободен печат“ кој им порачува на играчите на последниот натпревар во групата, в понеделник против Холандија да уживаат.
– Фудбалерите против Холандија треба да уживаат на теренот, да не чувствуваат никаков притисок, да играат растеретено и да дадат се од себе да го освојат првиот бод на ЕП