Фото: Пекселс

Еволуција на пеперутките од пред 100 милиони години до модерно време: Каде се појавиле првите видови и каде се рашириле?

Сѐ започнало пред 100 милиони години во Централна и Северна Америка, но за да го „освојат“ целиот свет на пепрутките им требале неколку десетици милиони години, пишува српскиот „Нејшанл џеографик“.  

Пред околу 200 милиони години постоела Пангеа, суперконтинент на кој доминирале растенија од фамилијата цикади и иглолисни шуми. Меѓутоа, во одреден момент Пангеа почнала да се распаѓа, а тој процес бил бавен и траел милиони години. Северна Америка е поделена на два дела, а на нејзината западна страна се појавуваат тревопасни инсекти, од кои подоцна ќе се формираат првите пеперутки, пред околу 101,4 милиони години.

 

Фото: Пекселс/ jennifer-murray

Тие потоа се прошириле на деловите кои денес се познати како Јужна Америка, Антарктикот, копнена маса со топла клима, поврзана со денешна Австралија и стигнале до крајните граници на тогашниот свет од едната страна. Од друга страна, нивното патување не застанало бидејќи го поминале Беринговиот копнен мост и се прошириле кон денешните територии на Русија пред околу 70-60 милиони години.

 

Оттаму, тие се преселиле во Југоисточна Азија, Блискиот Исток и Африка, но она што ги збунува научниците кои го реконструирале овој процес е тоа што, од некоја непозната причина, тие останале таму уште 20 до 15 милиони години пред да продолжат со Европа. И конечно, пред 30 милиони години, тие се населиле и таму, но според истражувачите кои работеле на студија објавена во списанието „Nature Ecology & Evolution“, токму овој факт е причината зошто овде има неспоредливо помалку видови пеперутки отколку во другите делови на светот.

 

Фото: Пекселс/ ray-bilcliff

Тим научници од Природонаучниот музеј на Флорида го реконструирале „дрвото“ на пеперутката врз основа на гени собрани од 2.300 видови од 90 различни земји низ светот. Дополнително, тие ги споредиле своите податоци со 11 ретки фосили од овие древни инсекти за кои имале прецизни датуми на постоење.

Иако тврдат дека ова е едно од најсложените студии во кои учествувале, може слободно да се каже дека тие се појавиле пред околу 101,4 милиони години во периодот на креда. И додека се хранеле со растенија од семејството на мешунките, кои немале одбранбени механизми против инсекти , тие преживеале со нив во следните неколку десетици милиони години, додека не се прилагодиле да јадат други видови растенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот