Еурофарм Работник го промовираше Остроушко (ФОТО)

facebook.com/rkeurofarmrabotnik/

Лани во ЕХФ Купот Остроушко за Еурофарм Работник постигна 41 погодок во групната фаза. Денеска Еурофарм Работник го промовираше како нов играч за натпреварувачката сезона 2019/20.

Оваа сезона ракометарите на тренерот Стефче Алушовски ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите, а дебитираат и во СЕХА Газпром лигата.

Во својата професионална кариера Остроушко беше дел турската екипа на Селка Ескишехир, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен. полскиот Азоти-Пулави, белорускиот Мешков Брест, романската Баја Маре, белорускиот Динамо Минск, рускиот Ст. Петерсбург.

Во ЛШ битолчани се наоѓаат во групата Ц со Савехоф, Татран Прешов, Кокс, Бисадоа Ирун и Спортинг. Првиот меч ќе го имаат в недела на 15 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ против португалскиот Спортинг од 17.00 часот.

Имаа успешен старт во регионалното натпреварување, на домашен терен со 34:29 славеа против руската екипа на Спартак Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот