Еурофарм Пелистер слави голема победа, совладан данскиот ГОГ Гудме

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Битолската екипа ја забележа и четвртата победа по ред во Лига Европа откако вечерва во салата „Боро Чурлевски“ триумфираше над ГОГ Гудме од Данска со 32:31 (15:16).

Еурофарм Пелистер направи уште еден голем чекор кон пласман во следната фаза, совладан е тим кој доаѓа од земјата актуелен светски шампион. И без еден од најдобрите во составот Мандалиниќ, играчите на Жељко Бабиќ се надминаа себеси и на крајот освоија многу важни бодови.

Двата тима се менуваа во водство, во првото полувреме највисокото на домаќините достигнуваше до „плус три“ (5:2, 6:3), потоа Данците го контролираа резултот на еден-два разлика (8:10, 11:13).

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Во вториот дел исто така имаа предност гостите, а последната изнесуваше 21:22, а потоа следуваше серија од четири голови на Еурофарм Пелистер за 25:22. Не му се дозволи на ривалот повторно да се доближи иако имаше шанса во последниот напад од средбата да дојде до бод. Згрешија во последната минута по што следуваше огромната радост на домаќините.

Најдобри стрелци во победничките редови беа Мараш со осум погодоци и Периќ со седум, додека на спротивната страна 11 голови беа дело на Јакобсен.

Денеска се одиграа уште два меча од групата „Д“, Рајн Некар беше подобар од Татабања (37:30), а Кадетен со 24:21 славеше против Тримо Требње.

Моментно на табелата води Рајн Некар со13 бодови, пред Еурофарм Пелистер (девет), потоа ГОГ Гудме (осум), Кадетен има шест, Тримо Требње четири, а последна е Татабања без бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот