Еурофарм Пелистер цели кон титулите и нокаут-фаза во Лига Европа

Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Со два тренинзи во текот на денешниот ден Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Битолчани синоќа се комплетираа, но во првата недела од припремите ќе отсуствуваат репрезентативците на Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои имаат обрвски кон националните тимови.

Тренерот на клубот, Жељко Бабиќ состави план на подготовки, во кој битолчани две недели ќе работат во својата база, спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, а потоа предвидени се подготовки, со серија на тест натпревари.

Во зависност од мерките и протоколите во земјата и соседството наскоро клубот ќе одлучи каде ќе се подготвува.

Во овој момент ростерот останува истиот од првиот дел од шампионатот, а целите се борба за националните титули, обид да се стигне на Ф4 во СЕХА Газпром лигата и пласман во нокаут-фазата на Лига Европа. Пелистерци одиграа пет европски натпревари, на кои запишаа една победа, едно реми и три порази.

Првиот натпревар во 2021 година, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра на шести февруари против ППД Загреб во СЕХА лигата, а три дена подоцна ќе се сретне со Татабања во Унгарија во Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот