ЕУ од кризата има намера да се извлече со еколошки прифатливо економско опоравување

Комисијата секоја година ќе одвојува по 91 милијарда евра неповратни средства и заеми за обнова, за инсталирање соларни панели, изолација и обновливо гориво за греење.

Плановите на Европската унија за еколошки прифатливо економско опоравување од пандемијата од корова вирусот ќе се насочат кон обновување на згради, обновливи извори на енергија и производство на чисто водородно гориво, се наведува во нацрт документот кој треба да биде објавен на 27. мај.

Нацртот, во кој увид имала „Ројтерс“, предвидува Европската комисија да го искористи вложувањето во проекти со низок удел на јаглен за сузбивање на економскиот пад предизвикан од вирусот. Комисијата одби да коментира за овој нацрт кој може да претрпи измени пред да биде објавен. Исто така тој мора да биде одобрен од ЕУ и Европскиот парламент.

Со нацрт климатските мерки во планот за опоравување, кој ќе се финансира од долгорочен буџет и фондот за опоравување на ЕУ, Комисијата има цел да го трансформира европскиот градежен фонд со што би се намалила потрошувачката на енергија, ќе се намалат сметките на потрошувачите и брзо би се отвориле нови работни места во градежниот сектор.

Комисијата секоја година ќе одвојува по 91 милијарда евра неповратни средства и заеми за обнова, за инсталирање соларни панели, изолација и обновливо гориво за греење.

Водородот се смета за клучен во постигнувањето на европската цел за „декарбонизација“ на економијата на ЕУ до 2050 година.

Според предлогот на Комисијата, ЕУ идните две години ќе стави на располагање 15 гигавати од капацитетите на обновливи извори со очекувани вложувања од 25 милијарди евра.

Фондот вреден 10 милијарди евра, со кој управува Европската инвестициона банка, исто така ќе нуди заеми за проекти за обновливи извори на енергија и производство на чист водород.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот