ЕУ ќе издвои над 22 милиони евра за помош на Палестина

Од 5,2 милиони Палестинци, 2,4 милиони имаат потреба од хуманитарна помош.

Европската Унија ќе обезбеди 22,7 милиони евра помош за најранливите групи во палестинските територии, кои покрај секојдневната лоша инфраструктура и сиромаштија сега се соочуваат и со пандемијата од Ковид-19.

Како што потсетува Европската Комисија во своето соопштение, уривањето на палестинските домови продолжи и за време на здравствената криза.

Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, изјави дека ЕУ продолжува да помага Палестинците да добијат пристап до здравствена нега, чиста вода и образование.

-Нарушувањето на меѓународното право кое резултира со насилно раселување на цивили најчесто им оневозможува на луѓето да имаат пристап до основни услуги, ова мора да престане, повика Ленарчич.

Мнозинството ранливи Палестинци живеат во Газа, која е целосно затворена, во екстремно лоши услови, од каде не можат да излезат без специјални дозволи од израелските власти.

Од 5,2 милиони Палестинци, 2,4 милиони имаат потреба од хуманитарна помош. Минатата година убиени се 135 од нив, а ранети над 15 илјади од страна на израелската војска. Третина од жртвите биле деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот