Етан Хап: Сè е полесно кога го имаш Нено за соиграч

Фото: КФСМ

Натурализираниот македонски кошаркарски репрезентативец Итан Хап и на вториот меч во „црвено-жолтиот“ дрес беше на високо ниво и еден од најдобрите играчи во тимот кој го предводи Алекандар Јончевски.

Имаше дури 31 индексен поен до кои дојде со реализација на 19 поени, седум скокови, пет асистенции, пет освоени топки за 34:28 минути во игра.

По мечот, силното крило на нашиот национален тим тне го криеше своето воодушевување, особено од играта на Ненад Димитријевиќ, со кого го наполнија противничкиот кош.

– Селекторот одлично нè подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, само треба да му ја дадеш топката и да играш, импресивно беше да се гледа како игра. Како што рече селекторот, секој што се појави на паркетот има удел за денешната победа – рече Хап.

По две одиграни кола во квалификациската група „Х“ води Естонија со четири бодови, по три имаат Македонија и Литванија, а два Полска.

Следните два мечеви нашите најдобри кошаркари ќе ги имаат во ноември против Литванија.

Јончевски: Драго ми е што остануваме со шанси за пласман на Еуробаскетот 2025

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот