Јончевски: Драго ми е што остануваме со шанси за пласман на Еуробаскетот 2025

фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација слави голема победа во Сосновиец. Убедливо е победена Полска (96:71), за голема радост во нашиот табор, апсолутно заслужено со она што нашите момци го прикажаа во овие 40 минути од средбата во овој полски град.

Особено кај селекторот Александар Јончевски, кој не го криеше задоволството од прикажаното на овој натпревар:

Двете екипи влегоа со голем респект, особено по поразите во стартното коло. Знаевме дека играме против еден голем, против еден одличен тим како што е Полска. Можеби ризикувавме со шутот од далечина, како на пример со Балцеровски, но тоа беше дел од нашите тактички замисли кои донесоа резултат. Честитки до сите мои играчи без оглед на тоа дали некој играше една или 39 минути.

Двата тима имаат големи индивидуалци, но решава тоа кој е подобр во моментумот кој со себе го носи мечот. Сите инволвирани во ова, од моите асистенти, до медицинскиот персонал се заслужни за ова.

Драго ми е што сè уште имаме шанси за пласман на Евробаскетот. И ќе продолжиме да ги бараме своите шанси за тоа, да бидеме во тоа друштво. Ова е апсолутно заслужено – рече Јончевски на прес-конференцијата по мечот во Сосновиец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот