Блескаше тандемот Димитријевиќ – Хап, Македонија ја прегази Полска!

Фото: КФСМ

Maкедонската кошаркарска репрезентација одигра одличен натпревар и славеше победа на гостувањето против Полска со убедливи 71:96.

Не почна добро натпреварот за Македонија, капитенот Војдан Стојановски веројатно ја обнови повредата која го мачеше уште пред натпреварот против Естонија, па го напушти паркетот уште во првата минута.

Но, Македонија и без него на паркетот изгледаше одлично, Полска водеше само на стартот, а потоа со цврста одбрана и добро организирани напади предводени од Димитријевиќ и Хап успевавме да реализираме.

На двапати предноста на Македонија во првото полувреме изнесуваше 13 поени. Полјаците немаа решение за тандемот Димитријевиќ-Хап.

Фото: КФСМ

Третата четвртина беше и периодот кога Македонија го реши прашањето на победникот. Само што започна вториот дел нашата предност продолжи да се зголемува, па така стигнавме и до највисоките до тој момент плус 23. Во последниот период влеговме со водство од 69:50.

Не се променија многу работите и во последната четвртина, Полска малку се разбуди и дојде до -13, но сепак македонските кошаркари одново го подигнаа нивото на игра и ја вратија сигурната предност.

Димитријевиќ со 32 поени, 8 скокови и 8 асистенции беше лидер на Македонија, а него го следеше Хап со 19 поени, 7 скокови и 5 асистенции. Ѓуроски постигна 17 поени, Михалак со 20 поени и 9 скокови беше најрасположен кај Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот