Естетските хирурзи едногласно тврдат: Старите фотографии на Меган Маркл откриваат што променила таа на своето лице! (ФОТО)

Пластичните хирурзи тврдат де се повеќе дами во светот бараат да личат на Меган Маркл.

„Меган има речиси совршено обликуван нос. Правилно ѝ се наместени очите и нејзината брада во облик на буквата V е класично убава. Лицето ѝ е во добра форма и близу е до она што Грците го сметаат за совршено“, изјавил во една прилика естетскиот хирург Де Силва за британските медиуми.

И додека сите му се восхитуваат на нејзиниот нос, кој од профил изгледа многу женствено, сепак, експертите тврдат дека тоа не е „дар од природата“, туку дека и самата војвотка го „доработила“ кај пластичен хирург.

Како што наведуваат хирурзите, на нејзините фотографии од тинејџерските денови јасно се гледа дека нејзиниот нос изгледа поголемо, иако Меган никогаш не признала дека била подложна на било каков вид естетски зафат.

Експертите се согласуваат дека убавината на носот на поранешната актерка е во тоа што тој не е целосно совршен бидејќи на еден дел има мала испакнатина која е речиси невидлива.

Сепак, не е убав само нејзиниот нос, туку и јаболчниците и обликот на вилицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот