„ЕСМ Продажба“ во февруари ќе набавува природен гас од „Балкан Јутилис“

Фото: МИА

„ЕСМ Продажба“ за февруари ќе набавува природен гас од фирмата „Балкан Јутилис“. Како што информираат од „ЕСМ Продажба“, фирмата понудила цена на природниот гас од 98,71 евра/мегават час.

Понудата ги опфаќа сите трошоци за набавка на енергенсот како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.

Со понудувачот кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, во случајот Балкан Јутилитис, склучен е валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака. Со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Република Северна Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, се наведува во соопштението.

На јавниот повик што беше достапен за сите домашни и странски компании пристигнаа две понуди, од фирмата „Балкан Јутилитис“ со понуда од 98,71 евра/MWh и фирмата „Актаел“ која понуди цена од 99,83 eвра/MWh.

Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Со понудувачот кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, во случајот Балкан Јутилитис, склучен е валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака, додаваат од „ЕСМ Продажба“.

Јавниот повик за набавка на природен гас за месец март ќе биде спроведен во текот на февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот