Есенска диета – Еве како најлесно да намалите 5 килограми (МЕНИ)

профимедиа

Есенската диета е базирана на контрастите и е идеална за нормализација на телесната тежина во овој период на годината, кога сеуште имаме разновидни свежи овошја и зеленчуци.

Ако строго ја почитуваме 7-дневната есенска диета, може да ослабнеме околу 5 кг. Диетата може да се држи последователно само два пати, вкупно 14 дена, со цел да загубите повеќе од 5 килограми.

Препорачливо е за време на диетата редовно да пиете мултивитамини, билни чаеви без засладувачи и големи количества на вода.

Есенска диета – пример мени

Понеделник

3 канчиња кисело млеко поделени на пет оброка, 300 г зеленчук по избор, 2-3 маслинки, 1 лажиче јаболков оцет, кафе без шеќер, големо количество на вода преку целиот ден.

Вторник

400-500 г пилешко или телешко месо – варено или печено, поделено на 5 оброка, голема салата од домати, пиперки, моркови и друг зеленчук по избор, големо количество на вода преку целиот ден.

Среда

1 кг овошје распределено во 5 порции, кафе или чај без шеќер, вода, ако почувствувате глад, може да каснете 1 парче интегрален леб со нискомаслена урда.

профимедиа

Четврток

5 тврдо варени јајца распределени на 5 оброци, голема салата од зеленчук по избор, 1 лажиче јаболков оцет, кафе без шеќер, големо количесто вода преку целиот ден.

Петок

2 кг зеленчук по избор распределен на 5 оброци, 50 г сирење, кафе без шеќер, големо количество на вода преку целиот ден.

Сабота

500 г печена риба со лимон и голема салата распределени на 5 оброци, 1 лажиче јаболков оцет или 1 чаша бело вино, кафе без шеќер, големо количество на вода преку целиот ден.

Недела

8 часот: 1 канче кисело млеко
10 часот: 1 тврдо варено јајце
12 часот: 200 г варено или печено пилешко месо со богата зеленчукова салата, 1 чаша бело вино
16 часот: 200 г сливи
18 часот: 50 г кашкавал и богата салата од зеленчук по избор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот