epa08756078 Turkish-Cypriot presidential candidate Ersin Tatar (C) celebrates his victory in the second round of the presidential elections, in the Turkish-administered northern part of the divided capital Nicosia, Cyprus, 18 October 2020. The right-wing challenger prevailed in the race for the Turkish Cypriot presidency with incumbent president Mustafa Akinci. EPA-EFE/BILGE BEBEK

Ерсин Татар победи на претседателските избори во Северен Кипар

Премиерот на самопрогласената Турска Република Северен Кипар, Ерсин Татар, победи на вчера одржаните претседателските избори на турскиот дел од островот, освојувајќи 51,74 проценти од гласовите, јавија доцна синоќа британските медиуми.

Противникот на Татар и досегашен претседател на оваа меѓународно непризната држава, Мустафа Акинџи, освои 48,26 проценти од гласовите.

Кипарските Турци својот нов претседател го избраа во вториот круг од претседателските избори.

Како што претходно и беше најавено, по конфликтот за правото на експлоатација на фосилните горива во водите на источен Медитеран меѓу Турција и Грција, се заостри и изборната кампања меѓу Акинџи (72), кој се противи на целосната доминација на Анкара, и Татар (60), кој, пак отворено се залагаат за целосно усогласување на севернокипарската со официјалната турска политика.

Меѓународно призната земја е Кипар, кој се наоѓа во јужниот, грчки дел на островот. Грчкиот дел на Кипар е членка на ЕУ, додека само Турција ја призна кипарската турска држава на северот од овој поделен медитерански остров.

Првиот тест за новиот претседател на кипарските Турци ќе биде состанок со кипарските Грци и претставниците на трите земји „гаранти” на Кипар – Грција, Турција и Велика Британија, што го најави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со цел да се раздвижат замрзнатите мировни преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот