Ерогени зони кои ги запоставуваме во сексуалната игра

Посветувањето внимание на овие занемарени делови од телото може да донесе неочекувано уживање.
Коса
Поминување со прстите низ косата помага во олабавување на напнатоста.
Тил
Во стара Јапонија тилот се сметал како најголема ерогена зона, бидејќи тоа било едно од ретките места кое не било покриено со облека. Во денешно време, тилот често се игнорира како зона за уживање, но не треба да се потценува моќта на нежните допри и бакнежи во пределот од косата до рамениците.
Клучна коска
Убаво обликувана и изразена клучна коска може да биде многу атрактивна и неодолива.
Долниот дел од грбот
Ова е деликатно подрачје кое е преполно со нервни завршетоци, па затоа не треба да се запоставува.
Зоната под коленото
Ова место е многу чувствително на допир, но често се заборава на него во интимните моменти.
Дланките
Луѓето ги користат дланките за стимулација на партнерот, но не размислуваат за тоа дека и тие можат да бидат ерогена зона. Нежно поминување со врвот од прстите по должина на дланката, па сè до коренот е навистина возбудливо.
Ушите
Нежно допирање, бакнување, па дури и благо грицкање на ушните школки кај многумина ќе го забрза пулсот и ќе предизвика слатки морници по целото тело, бидејќи ушите се преполни со чувствителни нерви.
Стапалата
Масажа на стапалата се смета како нешто многу интимно помеѓу партнерите.
Карлицата
Колковите и просторот околу нив се многу сензибилно место поради тенката кожа.
Внатрешната страна на бутовите
Галењето и бакнежите во овој дел од телото неизоставно морате да го вклучите во предиграта.