Што вели медицината: Колку често треба да имате секс?

Фото: Профимедиа

Зачестеноста на сексуалните односи е добра ако со неа се задоволни двајцата партнери. Значи, зачестеноста не е тема за која би требале со секого да разговарате и да се распрашувате кај другите. Исто така, разбирливо е дека од својот сексуален живот нема да направите нешто што е пропишано, нешто што треба секојдневно да се исполнува.

Што е нормална зачестеност?

Вообичаената мерка е два до три пати неделно. Меѓутоа, многумина тоа го прават и почесто, но и поретко. Некои се придржуваат до мошне утврден период од денот, додека по паузирањето во текот на работната недела, за многумина викендите се многу „поживи“ по тоа прашање.

Би морале да ја побарате својата сопствена сексуална комбинација која зависи од вашите реакции: ако едниот од вас бара повеќе секс, неговите (или нејзините) потреби можете да ги подмирите со дополнителни техники и така потребите на партнерот да ги усгласите со своите.

Се разбира, со годините зачестеноста се намалува, но не постои возраст во која не би било пожелно понекогаш, во некоја посебна прилика, да се изненадите самите себеси. Поради тоа не се измачувајте со размислувања за зачестеноста на вашите сексуални односи (и не се грижете ако вашите пријатели ви кажуваат дека тоа го прават почесто од вас).

Дали е нормално тоа што со текот на времето има сè помалку секс?

Сексот не е собирање поени. Мора да бидете свесни за фактот дека ќе има моменти во кои вашиот партнер или вие едноставно ќе немате волја. Поради премореност, презафатеност, стрес… Поради тоа не си наметнувајте, ни себеси, ниту на другите, никакви распореди и одредени времиња. Едноставно размислете за тоа што точно сакате. Значи, вреди да се следат своите чувства.

Замката е во следново: повеќето од нас добро знаат (без разлика дали некаде сме прочитале или ја следиме интуицијата) дека сексуалната желба осцилира, а со годините најчесто исчезнува. Поради тоа, добро е да се сфати дека е невозможно непрекинато да се надоградува и зачувува привлечноста. На ниво на телото, хемиските процеси се оние кои ја одредуваат зачестеноста на сексуалните односи. Многу ќе постигнете со тоа што ќе сфатите дека со годините е потребно сè повеќе да се вложува во партнерството и побудувањето на сексуални желби меѓу вас.

Што вели медицината?

Кој е конкретниот и јасен одговор на прашањата како што се: „Колку често е нормално да имаме сексуални контакти во текот на неделата?“, ,„Што вели медицината на оваа тема, односно што се подразбира под фразата: здрав сексуален живот?“ и „Дали доволно често имаме сексуален нагон и дали го задоволуваме истиот или не и евентуалните последици од тоа…?“ Еднаш неделно…? Мошне малку!

Повеќето двојки коишто се во брак или во долгогодишна врска имаат секс во просек по двапати седмично, што драстично се разликува од почетокот на врската каде сексуалните контакти се најмалку четири пати седмично. Ако воопшто сексот може да се постави во некакви рамки и да се каже што е нормално, а што не, тогаш погледнете какво е мислењето на експеритите за бројот на сексуални контакти – тие тврдат дека двапати неделно е во границите на нормалата, но дека тоа е долната граница и не треба да биде помалку од тоа. Бидејќи сексот е начин на канализирање на насобраната негативна енергија, ослободува од стрес и напнатост, а притоа се лачат некои неопходни хормони одговорни за вашето расположение и добрата здравствена состојба одговорот е јасен – здравиот сексуален живот подразбира сексуални контакти не помалку од двапати неделно.

Комбинација помеѓу тело, разум и душа

Здравиот секс зависи од повеќе фактори и треба да одговара на потребите на партнерите. Меѓутоа еден од пресудните фактори кои ќе го дефинираат сексот како полезен за вашата здравствена состојба е следново:

Сексот треба да биде комбинација помеѓу тело, разум и душа. Кога вие сте емотивно поврзани со партнерот и мотивот за секс е љубов, а не страст, тогаш придобивките од сексот се навистина големи. Механичкиот секс (кога луѓетоимаат сексуален контакт со цел да го задоволат нагонот со партнер/партнерка кон кого немаат чувства) не носи ползи за психичкото и физичко здравје на човекот.

Освен што сте загрозени од најразлични сексуално преносливи болести, механичкиот секс ќе ви донесе разни фрустрации, намалена самодоверба, лоша претстава за самите себе, уште поголема емотивна празнина и сл. Ваквите луѓе не знаат да уживаат во убавините на сексот и за нив сексот е само рутина.

Подобро апстиненција отколку механички секс

Ако не сте во врска и немате партнер што е способен да ги задоволи вашите физички, но и емотивни и интелектуални потреби, не се задоволувајте само со механички секс. Експертите велат дека подобро е да се одлучите за апстиненција отколку за секс со партнер којшто не го сакате, односно секс помеѓу двајца каде нема љубов. Наместо тоа можете со помош на мастурбирање да ги задоволите сексуалните апетити. Не дозволувајте една таква возвишена емоција, што го носи сексот и оргазмот да го сведете на механика и рутина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот