Ерменскиот претседател тврди: Турција создава нова Сирија на Кавказ
Турција создава нова Сирија на Кавказ, во судирите за контролирање на областа Нагорно – Карабах, изјави претседателот на Ерменија Армен Сакрисијан.
Препорачано
Тој ја повиак Русија, САД и НАТО да ја запрат Турција, која ја нарече „насилник во регионот“.
– Потребен ни е поголем притисок од Русија. Се надевам дека ќе има повеќе притисок од Русија и САД, рече Саркисијан во интервју за „Фајненшл Тајмс“.
Саркисијан нагласи дека членството во НАТО, каде Турција е членка, значи дека останатите ќе мора да се воздржат и да не добијат „зелена карта“ за мешање во судирите на трети земји.
Според зборовите на ерменскиот претседател, турската воена и дипломатска поддршка на Азербејџан ја исфрли Русија од традиционалната улога на некој кој балансира меѓу Ереван и Баку.
– Потребни ни се повеќе напори ова да се запре, а насочувањето на тој труд треба да биде на Турција. Од моментот кога Турција ќе биде исклучена од еднаковоста ќе бидеме поблиску до примирје и враќање на преговарачката маса, нагласи Саркасијан говорејќи за вмешаноста на Анкара во судирите на азербејџанските и ерменските сили во Нагорно – Карабах.
Саркисијан пристапот на Турција и Азербејџан го нарече „етничко чистење“ со цел Нагорно-Карабах да се исчисти и заземе.
Ерменскиот лидер ја обвини Турција за уништување на рамнотежата кој е поставена со повеќедецениското примирје, велејќи дека механизмот на примирје би успеал да не беше Анкара.
Сакрисијан предупреди дека „сите ќе бидат погодени“ доколку не се реагира на меѓународно ниво и да се запре Турција, која се заканува дека од регионот ќе создаде „нова Сирија“.
Судирите на ерменските и азербејџанските сили во Нагорно – Карабах ескалираа на 27 септември, а во борбите се пријавени жртви на двете страни, вклучувајќи и цивили.
Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев предупреди денеска дека Ерменија ја има последната шанса да се повлече од Нагорно-Карабах и да се врати на преговарачката маса.
Властите во Ерменија изразија подготвеност да ги продолжат преговорите, но без било какви предуслови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


