Кејт Мидлтон и Џејмс Маунбатен-Виндзор, најстариот внук на кралицата Елизабета Втора на Велигден/Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

ФОТО | Кој е најмладиот внук на кралицата Елизабета Втора што се појави во друштво на Кејт Милдтон на Велигден?

На традиционалната велигденска миса во Виндзор и оваа година британското кралско семејство го прославило најголемиот христијански празник. И додека сите гледале во Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и нивните деца, многумина не го забележале дека Џејмс Маунтбатен-Виндзор (18), познат и како „прикриениот принц“, не го пропуштил ова семејно собирање, пишува Мелоди Флечер за „Дејли мејл“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by british royal family (@pgeorge.royal)

Синот на принцот Едвард и Софи, на едно од своите ретки појавувања одел непосредно зад принцот Вилијам, принцезата Кејт и нивните три деца, принцот Џорџ (12), принцезата Шарлот (10) и принцот Луис (7). По пристигнувањето пред капелата во Виндзор, Џејмс Маунтбатен-Виндзор бил фотографиран како разговара со Кејт Мидлтон пред да влезе во самата миса.

Кејт Мидлтон и Џејмс Маунбатен-Виндзор, најстариот внук на кралицата Елизабета Втора на Велигден/Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Помладиот од двете деца на принцот Едвард, наполнил 18 години во декември 2025 година, а тогаш се појавиле многу шпекулации за неговата иднина како член на кралското семејство, со оглед на тоа што и тој и неговата сестра, Лејди Луиз Виндзор (22), пораснале без кралски титули. Тоа е одлука што неговите родители ја донеле долго пред неговото раѓање – кога се венчале, тие одлучиле, со дозвола од кралицата, дека нивните идни деца нема да ги носат титулите принц и принцеза.

Така, при раѓањето Џејмс бил именуван за виконт Северн, по реката Северн во Велс, како почит кон велшкото наследство на неговата мајка, а титулата Ерл од Весекс ја добил кога Едвард и Софи станале војвода и војвотка од Единбург. Но, самата титула војвода нема да премине на Џејмс, па затоа неговата улога во иднината на кралската титула е недефинирана, пишува Флечер за „Дејли мејл“.

 


Најмладиот внук на кралицата Елизабета Втора се смета за еден од најмистериозните членови на кралското семејство, претежно затоа што неговите родители се потрудиле да им овозможат на двете деца „нормално“ растат. Џејмс, 16-ти во редот за наследување на тронот, во моментот студира на престижниот колеџ Радли во Оксфордшир.

И додека неговата сестра почнала почесто да присуствува на кралските настани, Џејмс досега бил претежно незабележлив. Но, неговата мајка Софи еднаш рекла дека Луиз и Џејмс се слободни да ги прифатат кралските титули кога ќе наполнат 18 години, но напоменала дека е „малку веројатно“ дека ќе го сторат тоа, што се покажало како вистина за сестрата на Џејмс. Но, кралските експерти се сè повеќе склони да мислат дека принцот Вилијам во иднина би можел да побара поддршка од помладата генерација, особено од децата на принцот Едвард, со цел да ја зајакне монархијата, пишува Флечер за „Дејли мејл“.

Растејќи со родителите во семејната куќа Багшот Парк во Сари, само 18 километри од замокот Виндзор, Џејмс и неговата сестра поминувале значително време со покојната кралица и принцот Филип. Леди Луиз дури била нарекувана „омилената внука“ на принцот Филип, додека за Џејмс се вели дека била меѓу омилените на покојната кралица.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @thewindsorsfamily


Меѓу другото, Џејмс е познат по тоа што ужива во риболовот со мушичка, техника на риболов што користи ултра лесна мамка наречена вештачка мушичка, а која обично ги имитира малите безрбетници како што се летачките и водни инсекти за привлекување и фаќање риби.

„Неговото воодушевување за риболов со мушичка ја развесели покојната кралица Елизабета, бидејќи тоа е спорт што го обожавала прабабата на Џејмс, покојната Кралица Мајка“, изјавил извор во 2019 година.

ФОТО | Го прекршил протоколот: Преслаткиот момент на кралот Чарлс и принцезата Шарлот пред црквата

ФОТО | Кејт Мидлтон и принцот Вилијам по две години се појавија на велигденската миса, од посрамотениот Ендру ниту трага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот