Епидемиолози ќе ги пречекаат кинеските туристи кои пристигнуваат во Србија

Кинеските туристи од Вухан, градот од каде започна епидемијата на коронавирус, пристигнаа на европско тло со авион во Милано, а од таму со автобус се упатија во Хрватска, БиХ, Србија.

Кинеските туристи од Вухан, кои изминатите два дена престојуваа во Хрватска и БиХ, деновиве пристигнуваат во Србија, објавја српските медиуми.

Според сараевските медиуми туристите од Вухан денес преку граничниот премин Дољани требало да пристигнат во Белград, но како што дознава Танјуг, тоа ќе се случи во наредните денови.

Тие на граничниот премин ќе бидат пречекани од епидемиолози од Србија, под чиј надзор ќе бидат за време на нивниот престој во Србија.

Епидемиологот на Федералниот институт за јавно здравје на Босна и Херцеговина Андреа Јуриќ изјави дека нема причина за тревога и дека нивното здравје е во ред, јави весникот Дневни аваз од Сараево.

-Тие се набљудувани и надгледувани цело време во согласност со препораките на Светската здравствена организација и во согласност со босанските законски регулативи и одредби, кажа Јуриќ.

Прочитајте и...  После 27 години реновирана метеоролошката станица во Лазарополе

Кинеските туристи од Вухан, градот од каде започна епидемијата на коронавирус, пристигнаа на европско тло со авион во Милано, а од таму со автобус се упатија во Хрватска, БиХ, Србија.

Градот Вухан каде се појави коронавирусот е во карантин, а забраните за патување се на сила и во неколку други кинески градови. Денес овој град го посети кинескиот премиер Ли Кичијанг, кој вети дека ќе биде обезбедено редовно снабдување со храна во градот и стабилни цени.

Бројот на починати од коронарниот вирус денес се зголеми на 81 лица, а најмалку 2744 луѓе во Кина се заразени со оваа болест.

Прочитај повеќе

Негативен резултатот на последното лице што се тестираше за коронавирус

Слободен печат

Вархељ: Преговорите со Северна Македонија и Албанија можат да се отворат за неколку недели

МИА Агенција

Грција: Од сезонски грип починале 77 лица

Слободен печат

Ѓонај: Кривичната пријава од претседателот Мета е правно бесмислена

МИА Агенција

Помпео: Ја повикуваме Русија да ја заврши окупацијата на Крим

Слободен печат

Италија: Кривични пријави за сите трговци кои продаваат маски по огромни цени

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Израелски ракетен дрон усмрти едно лице во Сирија

МИА Агенција

Наспроти новите случаи, смирени страстите на Балканот

Слободен печат

Земјотрес со јачина од 3,1 степени регистриран во Албанија

Слободен печат

Потпретседателот на косовската влада бара укинување на таксите за српските продукти

Слободен печат

Русија за првпат истрела „Циркон“ – хиперсонична ракета го голем домет

МИА Агенција

Шефот на СЗО: Сега не е време за страв, сега е време за преземање акции за да се спасат животи

МИА Агенција