ЕП Дивизија „А“: Пораз од Летонија, Македонија ќе игра за пласман на 11 место

Кадетите испуштија шанса за нов триумф на шампионатот во Скопје/Фото: kfsm.mk

Македонската кадетска репрезентација испушти шанса за победа во регуларниот дел, а Летонците „извадија“ победа (83:77) која ги носи кон подобра позиција.

Нашите млади кошаркари на Европското првенство Дивизија „А“ за играчи „Под 16“ ќе играат за пласман на 11 место.

Иако имавме скоро „добиен меч“, на нецели 30 секунди пред крајот на регуларниот дел водевме со 65:59, но тоа се покажа како недоволно за конечен успех.

Ривалите успеаја да ја стигнат нашата позитива, имаа и шанса и да победат. Но, на осум секунди пред крајот Петерсон погоди само едно од двете слободни фрлања за нерешени 65:65.

Во последниот наш напад Величковски беше „прекраток“ во својот обид, за победа на Македонија, па мораше да се играат дополнителни пет минути во кои противниците покажаа поголема смиреност и добра реализација.

По овој пораз, нашите кадети в сабота од 13.45 часот ќе играат за 11 место на првенството во Скопје во СРЦ „Кале“ против Црна Гора или Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот